слуша (гл.) - или (сврз.)

Петра како да ја слуша Чана или како да ја слушала или како некој друг да ѝ качува нејзе за тоа колкумина наранила со петелот на Петра што се отепа таму горе на станицата удирајќи се во вагон што му го пресече патот кон неговата којзнае каква слобода.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Стори го тоа, слуша или самиот говори.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му се чинеше дека некогаш слушал или гледал некаква расправија меѓу татко му и дедо му околу некаква пушка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој не ги слушаше или не сакаше да ги слуша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го фаќа бес кога низ ѕидот од соседната соба го слуша нивното кикотење и збивтање слично на куче и ги затина ушите да не слуша или удира со бастунот на ѕидот за да ги замолчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Ти можеби ќе се чудиш“, продолжи селанецот со тон како да му е сеедно дали некој го слуша или не, „ама јас, пред некој ден, најдов една пљачка дома што ми се виде гибната...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прашуваа: „Герасиме, синовите на царот Сонце и царицата Месечина беа ѕвезди, нели?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)