слушне (гл.) - некој (зам.)

- Денес кога ќе слушнам некоја песна од Јабука или пак Оркестар, чувствувам пријатно струење низ телото.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Почека малку. Одеднаш вратичката се подотвори и од внатре се слушна некоја прекрасна, чудна музика.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Одеднаш едно ЗДРАВО ме пробуди. Слушнав некој познат глас како го изговара моето име... .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)