слушне (гл.) - име (имн.)

„Да му се одземе на еден народ човекот кого го слави како најголем меѓу своите синови – не е нешто што човек радо и лесно ќе направи, особено кога и самиот му припаѓа на тој народ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако “египетскиот Мојсеј никогаш не бил во Кадис ниту пак го слушнал името Јахве, а мадијамскиот Мојсеј никогаш не бил во Египет ниту пак знаел нешто за Атон”, тие останале запомнети како еден човек, затоа што “Мојсеевата религија ја познаваме во нејзиниот конечен облик, во каков што, да речеме осумстотини години по Ишодот, ја фиксирало еврејското свештенство”, а во тоа време двата Мојсеја веќе биле соединети во еден единствен лик, и Атон и Јахве во еден единствен Бог, во самиот себе различен онака како што се различни денот и ноќта, токму затоа што се два бога во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отиде и од тогаш никој не му го слушнал името.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш првпат ѝ го слушнав името.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од зборувањето на албански јазик, ние нешто разбравме – го слушнавме името на улицата што ја бараме и зборовите кафе и чај. Толку разбравме од албанскиот јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мурџо заврти со главата кога го слушна името Дончо, а Пела продолжи Не ја видовме тетка Чана таа не беше дојдена, а баба Митра помалечка од Дончо! Знаеш, не сме во исто одделение!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А тој уште од оној миг кога за првпат го слушна името на девојчето, почна во своите мисли да го изградува и нејзиниот лик: „Би морала да личи на татка си, височка е значи, има дупчиња на образите, крупни црни очи, црна коса што слободно ѝ паѓа врз белото чело...“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Другарот Тито кога го слушнал името на својата жена опеано во песна ѝ рекол: „Гледаш, дури и песна ти испеале“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)