слушне (гл.) - за (предл.)

И татковиот пријател Чанга, кога разбра за името на нашата коза, мигум остана зачуден, но никогаш не ја доведуваше во прашање татковата чесност, што и да слушнеше за него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козарите се чудеа, некои од нив првпат слушнаа за овие земји, а за малтешката и апенинската и медитеранската коза никој од нив дотогаш не беше чул.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Проштевај што го споменувам одново името на овој човек, знам дека не сакаш да слушнеш за него, но досега не можев да најдам ништо друго напишано за крајот на животот на Никола.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што ќе биде со претпријатијата без вода, си реков кога првпат слушнав за нивното формирање, но потоа се сетив дека во случајов, освен за пчелите, за другите работи не е потребна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Останував со впечаток дека таа се плаши оти сакам да ја вратам во некој сокак од кој веќе беше излегла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе ѝ ги спомнев на Таша приказниве што ги имав слушнато за војникот и белиот коњ таа ниту ќе потврдеше, ниту ќе одречеше. Само очите ќе ѝ потемнеа. Ќе одмавнеше и со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури не можам да се сетам ни каде се наоѓав; (веројатно во некој од походите по планините, помеѓу две борби); а и верзиите што ги слушнав за денот на погребот не се совпаѓаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бев слушнала за земјотреси од постарите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пред повеќе години, за првпат слушнав за сестра Ангелина и од првина ова го паметам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сакав да гледам и да слушнам за велосипедизмот на спортските програми на телевизијата, на радиото, но од медиумите добивав само скудни податоци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во звуците на гласот имаше нешто каприциозно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас со љубопитство наслушнав бидејќи во последните денови нешто слушнав за овој Тарасевич - соблазниво и тревожно во највисока мерка.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ајде, довидување. Утре повторно ќе се слушнеме за да се договориме за деталите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали никој од оштетените луѓе не беше слушнал за формален документ или едноставно сакаа да ги инвестираат емоциите во нов Тито, наместо во своите потомци кои набрзо стануваа огромен товар, беше бизарно да се размислува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој некаде во манастирот Св. Тројца, зад граница, слушнал за смртта на татко му на радиото. Можел таму да го фаќа Радио С...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па дури и Илко Сукалов, излегувајќи од вигната на Прцуна, застана да слушне за последен пат турска лакрдија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слушнаа за мене и поети од Ману ме викнаа на ручек со нив да ждерам таму покана добив и јас да рецитирам во нивното друштво да им пенетрирам На Струшките вечери седнав на стол одржав говор пијан ко вол аплауз силен, дојки се тресат ми додели венец згодна поетеса
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
- Станува збор за француски филм и за француски борци затоа и немаш слушнато - му објаснив на Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не сум слушнал за такви нешта. Ти ги измисли? - сериозно се исчудуваше Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојот манук веројатно ќе шизне кога ќе слушне за преграткава, му реков на суртукот за кого бев помислила дека си ти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некој од вас може дури и да рече: Слуга Господов а не слушнал за вампири, не слушнал за убавицата луда Мара, што пред две години во Зреновскиот вир скокна и повеќе не се врати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И наеднаш, како ништо да не рекол ја подава раката преку масата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си слушнала за таквите предавства? Тоа беше затоа зашто жените повеќе го ценат животот од нас, мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Веројатно слушна за нашиот Бел Корпус во Белград!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро е што овие глупости не ги слушаш. Којзнае што ќе си помислеше. А можеби и ништо немаше да си помислиш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А мислам, одамна се знае, дека жената кога ќе ја поведе срцето, сосема го губи умот".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, ова не го говорам од личен опит но многу вакви бракови знам, а сепак, немам слушнато за душа што излетала од спомнатава тежина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Сум слушнал за такво име, ама еве сега можам да го видам и тој што го носи името....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Молчи, Нина, да слушнеме за некакви каталози!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Татко ми кога го слушнал за ова, ја зел ловечката пушка од ѕидот и сакал да се убие.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сандри слушна за ѕидиштата што го заштитувале градот на Марин Крусиќ од сите страни, ѕидишта и кули; за непријателите, особено за Млетките кои алчно го меркале богатството на оваа република; слушна за кнезот и за слободата што секој дубровчанец ја чува како нешто најскапоцено, за поетите и писателите што ја величаат и што ѝ ги посветуваат своите творби на чист словенски говор, исмевајќи ги оние што лесно ја продаваат... за водоводот, изграден пред стотина години; за болниците-лазарети; за првата аптека отворена уште пред скоро двеста години...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)