сме (гл.) - даде (гл.)

— Токо гледајте поевтино да поминиме. Та ќе вршиме триесет дена, ќе сме дале триесет брави, триесет погачи, триесет ведра млеко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако дадеме некому нешто, сакаме да се пофалиме дека сме дале и сакаме да ни се изрази благодарност. Тоа е грдо.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еј, бре шутковци, зарем заборавивте дека два сина сме дале за слободата, а? Заборавивте ли?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Не сме дале никакво писмо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)