сме (гл.) - згреши (гл.)

Да не сме згрешиле случајно во мерката; или нејзините врснички и смртта ја користат за да се прикажат млади девојчиња, случајно затечени од смртта?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„И кај нас сите не се фатиле. А учителката Славка сметаше дека некаде сме згрешиле.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со тој брак, ние всушност (јас и Земанек), се убедувавме дека не сме згрешиле што сме го избркале Јан; оти тој брак реално постоеше, и беше знак дека се сакаме; а ако се сакаме, тогаш не можевме да бидеме виновни за тоа што немаше место за трет во тој наш свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И реков: "Огнено Гулева, сандакот не е за тебе, а мерката е земена на видено”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стомниња, бардиња, грниња, на ти тебе толку, дај ми мене олку, мора, нешто да сме згрешиле, вели, и царот веќе одел на дрва и на ќумур, вели, сега мечката свирела, а царот играл, стомниња, бардиња, грниња, од ќуспе масло не се вади, и шути за нас на мечката, ја јаде крлеж под опашка, вели, и царот садел компири, стомниња, бардиња, грниња, вика Толе Грнчарот и си шеколка по патот, се оддалува, како подиставен од умот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ што е погрешно, брзо се решава. Кога ќе воочиме дека сме згрешиле за некој, веднаш треба да го ликвидираме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)