сме (гл.) - земе (гл.)

Ова да ни стане, она на ни стане, не сме зеле туѓо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оти ако се замешаат властите во ова, можат да нѐ обвинат дека сме зеле да се бунтуваме, па ни црква, ни општина, ни училиште не ќе ни дадат да си отвориме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
МИТРЕ: Како да не, сме зеле. Маживме, ќерка, купивме некое нивче, оваа куќа ја направивме...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако пуштиме за некое време Хаџи Ташку да ни биде свештеник и ако се преправаме дека сме зеле да се грчиме, владиката не само што ќе ни помага да добиеме одобрение за ѕидање црква, туку ќе ни помага да добиеме одобрение за ѕидање и на општина и на училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)