сме (гл.) - може (гл.)

Потоа му вели на Васила Митрески Донеси четири помали камења и додека Васил оди да донесе камења, тој на другите, покажувајќи им ја тутурката, им вели Ова е планот на работите што сакаме да ги соѕидаме и вели Божем затоа досега не сме можеле да добиеме одобрение за ѕидање, оти не сме имале план.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Не е тоа- му реков јас на Килета зашто по зборовите на дедо ми знаев дека се сметаше оти подобар поп и да сме барале не ќе сме можеле да најдеме. – Во нешто друго е работата- реков.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Важно е да сфатиш зошто не сме можеле да се сретнеме сето тоа време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На кого најмногу си мислела тие денови?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што сè не сме можеле, така оставени, да направиме, знае ли таа или не?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој нѝ забранува да јадеме сендвичи пред ручек, оти после не сме можеле да ручаме, но ние тоа кришум го правиме, па потоа измислуваме разни причини зошто не сме гладни, или сосила јадеме, ако ептен не можеме да го одбегнеме заедничкото седење крај маса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И штом се сетив на тој период, на април без нив, ме фати, како и секогаш, гадна лутина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И со колкава сериозност треба да се толкува некоја намера што сме можеле да ја имаме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, случајностите и однапред планираните намери сепак не одат заедно!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно сум мислел дека станува збор за желби што се јавуваат сосема случајно без некоја намера или однапред одреден план.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ЕВТО: Е ете, сме можеле.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа потиснување порано било во служба на една пресудна политичка цел: само со симнувањето на нагласката од тоа колку настрано се чувствуваме и со одрекување на тоа колку сме различни од стрејт-луѓето, сме можеле да ја измиеме од хомосексуалноста дамката на абнормалноста и да го отфрлиме тешкиот товар на психопатологијата, на болештината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа што толку голем дел од времето сме морале да криеме што навистина чувствуваме (гејство), сме морале да ја совладуваме фасадата на секое општествено окружување во кое сме биле – не сме можеле да си дозволиме никако да стрчиме, зашто тоа можело да ја оддаде скришноста на нашето гејство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може не е нашата Македонија! Пусти ние, зар сме можеле да не ја погодиме?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сме можеле да бидеме сити, а сега ќе да сме гладни во веки.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
„Не дека сме можеле нешто да сториме за неа дури и да сме знаеле дека е таму.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“Супер, тогаш ќе сме можеле да правиме mènage à trois.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Одвратно! Како можеше да речеш такво нешто?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Но што ако ја најдевме? што ако - знаеш - што ако, откако ќе се онадевме, влезевме на ноќно пливање и ја најдевме неа во водата?“ рече ти одвратувајќи го погледот од мене и почнувајќи да шепотиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Но Џули, не се случи така,“ се обидов да бидам разумен, иако ова не беше прашање на разум како ни било што друго помеѓу нас.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако го кажеш на француски не значи дека е помалку одвратно.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)