сме (гл.) - прави (гл.)

Од сето тоа, јас и Луција сме правеле непотребна драма; на светот секогаш има жени кои се расположени за пријателство и љубов, за милосрдие и страст.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Понекогаш се чудиме зошто ни се случуваат некои работи кои не ги сакаме тогаш, заборавајќи дека некогаш многу порано сме ги посакувале, потајно сме правеле некакви активности за да дојдеме до нив, но тогаш не било созреано времето за нивна реализација.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во себе си велеше, ќе ми дојде ли на јагулска вечера да си ги види јагулите, мали и големи, печени на ражен, да види каде им е местото, а ако не дојде ќе се види јасно на која страна е, и повеќе да не ни соли памет во Дирекцијата што ќе сме правеле со јагулите?!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)