сме (гл.) - си (зам.)

— Море, бре браќа, ние сме си патници луѓе, ич не плашете се од нас. Ќе преноќеваме и ќе си одиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таман сме си ние овде со дедот Петка: маските, нека ни се живи, ќе не однесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На нишан сме си. Ќе пукаш или да пукам?
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Депа е жена и пред малку рече еден поумен збор: „Ние не сме Бугари... — само прескокна да рече не сме ни Срби, — туку сме си луѓе од местово наше — нашинци!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: Не срами се ти, ние сме си куќни... Коте, уште ли ќе седиме? Панде се забави!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И, после, ние не сме Бугари та тебе те викаме коте, значи што рече ти: маче; ние сме си луѓе од местово наше — нашинци! И нашински си зборуваме!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Многу сакав да одам со нив, оти веќе сме летувале заедно во тој состав во Маврово и ептен убаво сме си поминувале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дени е цар! Нему никогаш не му е досадно да нè забавува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку пати сме си префрлале себе си за сето ова бегање, за сето ова изделување, за секоја наш, а поинаков чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
10. ЛОШИ АРНИ - НАШИ СМЕ СИ - такво родољубие штом се рече од црно брашно леб се меси за најбел сомун да се пече...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
ВАСИЛКА: Ами, кога е така, ние сме си веќе сваќи! (се бакнуваат).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да ни е за многу години. Сѐ за арно да ни е адетот наш рисјански... целокупни да сме си.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не знае дека сме си смртно здодевни.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас сум исто толку грда како него со мојот завој и личи како да се гледаме во огледало, како да сме си направиле гнасно-убави двојници.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Другарките ме гледаат и се преправаат дека не сум ужасна глетка, иако во очите им гледам нешто помеѓу страв и љубопитност, дури и доза на ситење поради тоа што тие немаат фаличен орган на лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
4. Заборави дека некогаш сме се разделиле мисли на времињата кога сме се шетале како месечари низ светот на копнежите кога душите сме си ги испраќале видовити над некое непознато море да се љубат ноќе, кога сонот ни гледа во ѕвездите – сите нѐ стрелаа, само вечноста нѐ погоди.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)