сме (гл.) - сиромав (имн.)

Ако сме сиромаси, братко колку за толку ќе пречекаме и ние еден пријател.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаат дека сме сиромаси и со подароци сакаат да ни ја купат душата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
У старости осиромашел многу, немал со што да, се храни, и рекол на сина си: „Чедо, видиш зашто сме сиромаси и не можеме да се гледаме, — ами да те продам, и ти да живееш, и ние да се храниме.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Сега не сме сиромаси, вели и со рака покажува на дворот каде низ прозорчето се гледаат два трактори, комбајн, патничка кола и два камиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)