сме (гл.) - виновен (прид.)

Ние не го пцуеме (како што правите вие) ниту српскиот народ, ниту српската интелегенција, ниту свесните српски патриоти, а го напаѓаме само оној патриотски џган (во чии катуни се клоцаат коњите на Душана и чија цел е да ги разигра тие коњи секаде каде што само ќе го чуе српското (Драгашичевото) „помози бог“.) Ние не сме виновни што во тоа патриотско ѓубре се вбројувате и вие и вашата влада и еден достатно голем дел од вашите „изображени мужеви“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оваа далечина љубовта не ќе ја избришат ни субверзивните, разурнувачките сили на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубиме искрено и вечно, но се разделуваме, а не сме виновни за разделбата, грешиме затоа што не сме совршени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Сите сме виновни што лежиме овде.“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нашите родители, нели не родиле, нели тие нè воспитуваат!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа значи дека ние не сме виновни ако сме такви, иако не врувам дека сме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе ги свртат пушките кон нас и нема да прашаат дали сме виновни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ако разберат кратовските бегови дека се клале со нивни луѓе - отидовме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Аман, честит бегу. Не греши душа, не сме виновни.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Барал прошка од својата совест и простувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Но ти не го обеси улавиот. Ако е зло бесењето, тогаш сите сме виновни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни на луѓето сме им должни ни пред бога сме виновни, и пак ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Прав е Каменчо, се согласил Чучук-Андреј.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш со писок дотрча жената на домаќинот, поинаква отколку што ја знаев, посува, побела, понепозната со расплетените коси во кои, клекнувајќи пред еден од Турците, ги забуца прстите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А дека црвецот на великогрцизмот сите нас се уште не јаде, ние сме виновни што не умееме да го гледаме светот со отворени очи и сакаме да бидеме секогаш затворени во венците на славата што ја влечеме од старите Грци...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Некогаш и самите сме виновни за тоа, но почесто денот и убавото расположение ни ги расипуваат други.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)