сме (гл.) - готов (прид.)

„Камо ти го, бре машко, тој народ што ќе се нафрли со голи раце на оружаниот аскер?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние сме готови одговараа и двајцата, постари по години, другари, кои безусловно се приврзаа кон него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами, кога лачкавме ние во Смилево оти не сме готови, ти што велеше, бре Орде?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нели сме готови за одбрана на Грамос?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Значи, - рече Претседателот, гаснејќи ја својата цигара, - ти, Змејко, ние сме готови да тргнеме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другпат сонува како на некој празник влегува во куќата, но гледа куќата не е куќа, туку се престорила во црква; внатре попот Матлија венчава младоженци; се допира поблизу и гледа: зетот е Бандо, а невестата таа самата; но како што наближува, сè повеќе ја фаќа страв, зашто гледа: невестата не е таа, туку некоја друга жена; почнува да плаче и да го трга Банда да не се венчава, но попот Матлија му дава знак на питропот Танаско и тој ја фаќа за раменици и ја вади од црквата надвор; надвор гробарите го пречекуваат Танаска и му велат: ”Ние сме готови: го ископавме гробот”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
МАРИЈА: Не сме готови.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сите ние станавме и како маѓепсани викавме на сет глас дека сме готови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Високиот извади од чантата тефтер, го лизна моливот и, откако ја залиша, исправи глава.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Жената со нагрденото лице скокна од местото, се качи на столот и почна да извикува пароли во чест на ДАГ и на борците, а потоа почна да вика: - “Ние сме готови!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се запишувавме, викајќи пароли, а најмногу дека ете, сега, веднаш, сме готови да одиме да се бориме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ами јас како ќе останам сама?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние сме готови!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Седи тука и да не станиш, колеро една!“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Рече: - Драти деца на херојските татковци и мајки, борците за слободата и напредокот... - така некако зборуваше долго и прекинуван од нашето урнебесно викање дека сме готови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние сме готови!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А жената со огрденото лице шеташе меѓу редовите и, кога паѓаа зборови за борбата, за водачот, таа извикуваше соодветна парола и се дереше со пискливиот глас дека сме готови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Его име проти! Грапце ме, синдрофе! Его име проти!“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Молк!” се слушна глас зад мене. Се свртев.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Каква трага може да остави пеперутката во еден свет во кој владее варварството, насилството, моќта на парите? Можеби никаква!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но токму тука се крие метафоричната порака на поетскиот тестамент: застапувањето за летот, трагата на пеперутката, невидливата порака која не сме готови да ја видиме, да ја прифатиме како излез!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големецот од ЦК долго зборуваше и неговиот глас и зборови се губеа во нашите борбени извикувања со кои не престанувавме да викаме дека сме готови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По нивните зборови сите станавме уште похрабри и стоејќи викавме дека сме готови, дека сакаме сега, веднаш да тргнеме, а од задните редови заори пеење: Во борба, во борба, во борба, Македонски народе, За света народна слобода...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А долетуваа други, кои никогаш не беа мајки, за да не видат колку пораснавме и колку зацврстивме и дали сме готови за в бој...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За Колета секојпат сме готови да жртвуваме сѐ. А и тој за нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Градоначалникот пребаруваше во мислите уште не­кое место каде што би можеле да се сместат козите, но Чанга го прекина: – Ние сме готови да спиеме со козите, во било какви соби...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)