сме (гл.) - обземен (прид.)

И втората: (која не би смееле да ја разгледуваме издвоено од првата) ние сме обземени од некое заслепувачко чувство на благодарност кон истата таа разумна владетелка - смртта, бидејќи и овојпат, според наша оценка, (сеедно дали од милосливост или од неупатеност) таа постапила разумно кога својот избор го упатила кон некој друг а не кон нас.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас и мојот пријател сме стари за револуција или да започнеме некое движење, но и ние сме обземени од колективниот дух на книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Луан Старова мошне умешно владее со иронијата и магијата. (Magazine littéraire, No 354, mai 1997) Избор критички фрагменти за Времето на Козите (1993 ) - дваесет години од објавувањето - Во Времето на козите, уште од насловот, сме обземени од волшебноста на алегоријата која, со текот на раскажувањето, станува сѐ поопресивна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)