сме (гл.) - различен (прид.)

Тешко - зашто сите луѓе сме различни, секој има свое мислење, свој поглед врз нештата, што е добро.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тоа потиснување порано било во служба на една пресудна политичка цел: само со симнувањето на нагласката од тоа колку настрано се чувствуваме и со одрекување на тоа колку сме различни од стрејт-луѓето, сме можеле да ја измиеме од хомосексуалноста дамката на абнормалноста и да го отфрлиме тешкиот товар на психопатологијата, на болештината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Сите сме исто”! Само што сме различни!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сосема сме различни од хетеросексуалците – освен по она што го правиме в кревет (она што, горе-долу, сите во кревет го прават исто, со некои ситни, незначителни варијации).“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ама нели сите сме различни и од разни краишта?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)