сме (гл.) - свој (прид.)

Боже колку сме свои додека влегуваме без најава без потреба да се именуваме во име на нашата кратка историја што мириса на засушени риби на тротоарот на чај од коприва на дојденци, на овоштарници, на пчели.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Затоа е многу тешко од целините, често минијатурни, да се одберат вонсериските моностихови од овој тип: Љубовта (...) нè проверува колку сме свои, или Пишувањето (...) е објава на постоењето, или Уметноста е обид да го имитираме Бога.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Недела Јануари Просто зачудувачки е како луѓето не знаат за љубовта, љубовта која нѐ проверува колку сме свои.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Држи се за учкурот, важно е да сме свои, какви сме такви сме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сега и Сталин го нема. Без него, нели сме свои, ќе можат да донесат, едно, одгоре, ситно решение.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)