сме (гл.) - заедно (прил.)

Грета: Што е, Дики? Кажи веднаш!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики: Па, мислам...можеби не требаше да го сториш ова...сега сме заедно, но утре... веќе утре тие ќе се вратат и можат навистина лесно да ме натераат да им го...знаеш и самата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од нас бега кога сме заедно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Радосни сме дека повторно се гледаме, и сме заедно ... Здружени и слободни ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не смееме заедно никаде да бидеме: им паѓаме в очи на оние што демнат...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Слушај Трајко, слушај стар пријател, — го симна гласот Арслан и почна испитувачки да го подмамува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толку години, ете, сме заедно; сме си поминале како господ што рекол, аир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сигурно се чуди зошто почесто не сме заедно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Веќе доста долго време сме заедно, јас прегладнев.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Разговаравме толку спонтано како да сме заедно многу години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Глобалното Село каде што сите сме заедно, се употребува како метафора за тркалезната маса на која се собираме за да разговараме за сѐ што нѐ засега. Rheingold ја анализира состојбата на CMC (компјутерски посредувана комуникација) и пишува за зависниците од различни системи: минител во Франција, кампус мрежите, xxx, bbs (само за возрасни), во центарот на Небиднината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со него сме заедно уште од градинка. Го чувствувам како брат и ништо повеќе...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Погледни се во огледалата низ кои продолжуваш во недоглед.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Сеедно, ние сега не сме заедно,“ ми велеше Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Секако дека има, со самото ова што и сега сме заедно, и така натаму. Дај ми ја раката.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој прв се огласи: – Откако сме заедно, мила моја, речиси половина век, ти секогаш го поднесуваше бремето на моите книги…
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Сѐ додека сме заедно – дома сме“. Тоа на Летка ѝ се допаѓаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Не те разбирам – мислам дека ми рече таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога открив дека сме заедно слушнав како ѝ велам дека не смее да го искористува моето невнимание.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сеуште немам одговор, но со целото мое срце се обидувам да откријам зошто не сме заедно и секој ден до крајот на животот копнежот ќе биде толку силен како и првиот момент кога погледна во моите очи и таму ја пронајде твојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го идеализирав секој момент поминат со тебе, живеев со желбата да споделувам се, сега се е едно големо разочарување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дали дека сме заедно, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„А можело да сме заедно во нашите забавни дејности!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„А Жарко и Мирко се од другиот влез, ама сите сме заедно во VII в.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Воздивот нејзин ми зборува, ми прикажува... ама мене не ме напушта претчувството дека оваа голема густа мрачина навестува само зло... дека сме заедно, еден спроти друг, чувствуваме по дишењето и макар што мракот е голем и густ, ми се чини дека и во него се гледаме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Многу се зачудија кога им признав дека не сме се сретнале, но дека добро се познаваме и како често да сме заедно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прости ми поради ова, но јас навистина мислам така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нема ништо да те потпрашувам, ти ветувам, само ти “оди” и “враќај се” и биди колку сакаш таму, важно е што сме заедно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)