сме (гл.) - тука (прил.)

Кракатау: За среќа, ја имаме нашата чудесна сома што нѐ транспортира, така?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау: Тешко овде да се забавуваш...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: Но ние сме тука поради тоа, така, да правиме шоу.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Им рекле одите и чепкајте и тие чепкаат, не испрашуваат и распрашуваат, ама не за тоа низ што поминавме и зошто сме тука, туку дали некој од страна се меша...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вчера изгина, го снема водот и ние сега сме толку, колку што сега сме тука...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
1 - Сите сме тука? - праша Вера. - Ако има некоја, која е помала од шеснаесет години, да си оди дома.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А јас, можам ли, невесто, пак да те прашам? - Па, шом сме туа, прашај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите ние сме тука збрани во времето „кон“.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Дај што имаш работа да ти свршиме, да ти помогнеме кога сме тука, та за нас сега лесно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Гледаш ли, - му велам. – Сите сме тука.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Одеднаш ме прегрна повлекувајќи ме кон себе, - како да сакаше да каже, што и да е не грижи се, татко ти и јас сме тука. Очите ми се наполнија со солзи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На ѕидот, на лист пишува: „Внимавајте на паричниците“... можеби затоа сме тука ние, придружбата, другиве нѐ гледаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како цел живот да сум била овдека ми иде. „Животот е голема лага, велеше дедо, а ние сме тука за да биде уште поголема.“ 49.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Тука сме, велиме, сите сме тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама сите сме тука, на ист куп, што се вели, во иста кочина. Само малку позалачени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто сме тука ако не си помагаме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не видат дека сме тука и да не предупредат дека затворите постојат и дека и логорите постојат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако нешто не ви се допаѓа, повелете - ние сме тука...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од сега сме тука, ко „циганот“ што се спрема да го украде вашето дете.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)