смее (гл.) - сите (зам.)

На нозе сите, и секоја да ѝ удри по една тупаница по муцки и да ѝ плукне в лице. – Ха, ха, ха, ха! – почнаа да се смеат сите кадани, очигледно задоволни што не им го презеде младата ѓаурка добриот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ауу! Леле! Аман, бре. Не зборувај! - се смееја сите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се смеат сите. Прошетката и одморот во караулата бргу мина.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Нејќам да ми се смеат сите: е, ти носиш вода, а ние тука се потиме! – Кој ти се смее?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)