смее (гл.) - толку (прил.)

На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште пред да се стави софрата Толе поддена разговор со Тодора за најобични работи: дали ќе најдат некое добитче да купат; како се со цена, како е сеното, седбата, овците итн., додека една голема врева од кудата не им го обрна вниманието, та Толе го праша Тодора: — Кој се ниа тамо, шо се смеат толку цела вечер?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)