смири (гл.) - во (предл.)

Одеднаш, како да се случи нешто. Раката на војникот се смири во панталоните, а на лицето му се појави израз на замисленост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Откако еднаш ја сфати постојаноста и бескрајноста на таа прошка и големината на Неговата љубов кон човекот, тој се смири во вербата. Eднаш и засекогаш се покаја за сè и тогаш, во физичкото слепило ја сфати својата духовна кусогледост.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Почека плачот да ѝ и се смири во грлото и рече: „Ни пород господ не ни даде“, рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со големи раце самиот себе да се прибере и мене и него во себе, и срцето да го смири во тивко треперење.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Бурата ќе се смири во океанот од лудории на твојата младост Јас ќе самувам, капетан со длабока старост!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Ќе не симнат во некое предградие на копното, ќе ја смират во нас морската болест, и пак ќе нѐ фрлат на бродовите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На Татко сега му беше потребна вистинската тишина, тишината на отворените книги, за да го смири во себе немирот што се пластеше во текот на целиот ден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Најпосле, Мајка се смири во креветот. Веднаш ѝ дадоа инфузија за да ѝ се закрепне телото со храна преку крвта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа нивна ноќна молитва траеше сѐ додека и последното нивно чедо не се смиреше во сонот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)