смири (гл.) - свој (прид.)

Зелениот арапски ат немирно подигруваше под него и често ги тргаше рамењата од уздата, барајќи слобода да поигра под својот господар по рамното поле, но овој не му дозволуваше, и тој правеше цик-цакови по ливадите да ја смири својата бујна крв.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Истовремено, за да ја смири својата совест, се обидуваше да размислува дека тоа што тој се решава да го земе детето, да го издржува и да го одгледува, можеби ќе дојде и како олеснување за Марија, заради безизлезната материјална положба во која се наоѓа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Томо со крајни напори пробуваше да го смири својот внатрешен немир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но најголемото и најзначајно откритие за Јана беше она со кое ја смири својата совест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој беше својот син и зборуваше наместо него, се движеше испрекинато за да го смири своето забревтано срце и возобновената паника што ја чувствуваше додека ја навлекуваше свежата, чиста униформа, ги проверуваше резервите на храна, садовите со кислород, кацигата, скафандерот и се сврти, како и секој човек на земјата таа ноќ, за да се загледа во небото што брзо се исполнуваше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Откако се наслади со последниот залак од питата, Татко се обиде да го смири својот пријател: Нема тука никаква мистерија?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар има зборови кои не можат да постојат кај ниту еден народ, посебно кога се работи за името на ваква возвишена пита? продолжи упорно Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)