смири (гл.) - малку (прил.)

Кога се смири малку пукањето, кога се уталожи, што ќе видиме: озгора нѐ напокриле лисја и гранчиња што ги кинеле куршумите. Од крај в крај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се смири малку кога под дланката легната на земја почуствува камчиња.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но откако се смири малку, откако сети дека топлината на сонцето, добрината на дабот, јасиката и целиот шумски свет му го топлат малечкото срце, славејчето срона таква чудесна песна каква што порано никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ни рекоа: само да се смири малку, да ги отфрлат владините војски некаде таму, кон Олимп, да ин ги уништат аеродромите и авионите, та потоа ќе се вратиме дома, ќе учиме нема да се криеме по шумите, да спиеме под голо небо или во пештери.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)