снове (гл.) - низ (предл.)

Не им се придружува на нивните мумиски седела, со засркнат плач, туку почнува да снове низ собите како сновалка на празен разбој, барајќи го котелецот на смислата во зборот што му бучи во ушите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Робот Бошко сновеше низ куќата и само туфкаше гледајќи во својот сакан стопан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во Палестина, во земјата на предците, во Erecz Israel9. O, Hashano10!  Па сепак, Нина знаеше дека отсега натаму татко ѝ ќе бдее, ќе снове низ куќата како првата вечер од заминувањето на децата, дека Моше, веќе, сон нема да го фати.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш погледот ѝ снове низ големата просторија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)