собере (гл.) - војска (имн.)

А кога во 1941-та, на сам ден Благоец, 24 април стар стил, фашистите ја завојуваа Потковицата, него, меѓу првите, го собраа војска, а кога, пак, го пуштија од војска, го поставија да биде писар во општината во Тополчани и го вооружија со пиштол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Божем да се бранел од комунистите, а всушност го направија кодош, па тој и тогаш се однесуваше кабадаиски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Арно туку проклетио цар, откоа беше умрело девојчето, беше го всилил, шу на негоото да му биди, и го затворил девојчето умрено во некој подрум, чунки во тие саати беше му се отворил еден бој од некој друг цар и собрал војската што имал сета, та отрчал тамо да се тепа и да го враќа другио цар, арно ама од лошотијата негоа ич господ не му помогна, ами војската сета беше му се истепала и полујната од земјата беше му ја зеле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откако се извести за се, па и дека куртули еден, ги развлече устите и процеди преку заби: — Нека остане некој за семе! — ја собра војската и замина за Дуње, наредувајќи му на коџабашијата да ги закопа отепаните комити „да не се свампират" и да го напаѓаат селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе си дојдам утре сам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше му текнало еден ден за девојчето, што беше го всилил умрено и беше го затворил во подрумот, да појди за да го видит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тепала, тепала, дури сите погани луѓе и истепала и откоа беа останале чесните, си прешла во друга земја и тамо потепала.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)