собере (гл.) - раменица (имн.)

Што мислиш за тоа? Коле ги собра рамениците.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трајко ги собра рамениците и повтори. — Аир ефендум; ни знам, ни абер имам за такво нешчо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А за некоја буна во народот јас не су чул, ни су разбрал.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Што ти е тоа? - праша берберчето. Шишман ги собра рамениците. - Камче, - рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучедите помирени, ги собраа рамениците и како кучиња со подвиени опашки, тргнаа пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сандри собра раменици и поголтна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Собра раменици. Се прибра во вратничката. Сега стоеше на прозорецот. Сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Баждар рамнодушно ги собра рамениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)