собере (гл.) - околу (прил.)

И се слушна глас: „Дојде Ѓорѓи будалата“ и сите истрчавме и се собравме околу пајтонот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Аристократијата собрана околу генералот Стојан, ако не друго, барем е дарежлива кон плебесот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Запалиле огнови и се собрале околу нивното крцкаво и шушкаво потрепетување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле - ноќ. Се стемнило кога некој Богдан Преслапец, умен маж со сенка на замисленост во очите, му рекол на црниот Пандил Димулев дека двајца Онисифоровци се премногу за четириесетина луѓе со различни имиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А се собрале околу мене како на мечка со даире. Ме жалат!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Најмногу страхуваше од помислата, инаку најблиску до вистината, да не бил пуштен Чанга едно време да лудува со козите во градот, да ги собере околу себе, во тој заносен марш, сите свои истомисленици, несудени припадници на козјата „работничка класа”, па еднаш засекогаш да се стави крај на козарското прашање во социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пандо и Нумо се погледнаа. Нем, вчудовиден, гневен, тврд, пронижувачки, суров, студен, презрив поглед.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И тие ќе се собереа околу нештата распрострени по најлонот послан на земја, некој ќе земеше некој спреј за муви, ќе се прснеше со него во носот, од силната миризба ќе се намрштеше и ќе речеше: „Не сум толку бадијалџија да тргнам муви по буништа да бркам!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)