собере (гл.) - повеќе (прил.)

Меѓу публиката се собираа повеќе видни личности, како на пример битолскиот сликар Мелников, познатата глумица Мирјана Будимировиќ од Белград, глумицата од народниот театар во Скопје Мери Потхраски во друштво на колешката Живка Срдановиќ и режисерот Јосиф Срдановиќ, госпоѓата Здравковиќ од друштвото на пријателите на уметноста „Јефимија“ од Скопје – специјално дојдена за тој настан, како и грчкиот, францускиот и турскиот конзул.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се собраа повеќе луѓе околу нас и се чудеа како сме успеале да излеземе од станот ние двете деца, сами.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се натпреварувавме кој вод, која чета ќе собере повеќе класје, ќе направи поголем куп и на враќање погласно ќе пее и посилно ќе удира строев чекор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)