собере (гл.) - и (чест.)

А уште повеќе кога собрале и пари за „заметот".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така го собраа и семејството на Алегра, токму во време кога во градот почнаа диверзии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се собраа и трите шарени топки, едночудо коцки, чинивчиња и лончиња.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ниедна мислам нема да продолжи да трае тежината на пустошот ќе влече и ѕвезда по ѕвезда ќе паѓа ќе трае таа толку колку што ќе потрае нашата утрена на постела распослан векот парче по парче дури се собере и последниот бран од праискони што лута ќе нѐ покрие.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Што се случи со нив? Алегра ја поставиле пред стрелачки вод со татко ѝ, мајка ѝ и други Евреи од Дорќол и Јалија и пукале во нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)