собира (гл.) - ги (зам.)

Се стрчавме кон морето и веќе пливавме, меко собирајќи ги и издолжувајќи запоставените клетки на нашите тела.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ворхоловите филмови од звучниот период се создадени со директен поглед на светот кој не е само алтернативен на оној од комерцијалниот филм, туку порано воопшто не е обработуван ниту во литературата ниту во филмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ворхол создаде особена митологија собирајќи ги претставниците на њујоршката алтернативна сцена под еден кров.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Денот го мина дома чистејќи го подот од ѓубре и собирајќи ги паричките од 10 фенинзи со кои заедно со неговиот пријател сликар играа фанта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беше чудно молчалив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Што чекате! Собирајте ги парталите, ќе ве носат некаде...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Собирајќи ги својата чашка и неговата кригла, Азис го поведе зад шанкот каде што зад завесата во задниот дел беше закачен за ѕидот старомодниот апарат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
65. Моите познаници се движеа меѓу паднатите рицари собирајќи ги прстените, паричниците, џепните часовници, моминските чеизи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На третото утро Мегалон истрча од дворецот викајќи: - Децата, децата собирајте ги!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)