собира (гл.) - сите (зам.)

Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Марија „крената на облак“ е Богородица на Вознесението и, навистина, како во традиционалните иконографии поврзани со Вознесението на блажената Девица Марија, „Големото Стакло“ е поделено на два дела, земен и небески: на горната половина, облакот со трите квадрати (облакот на Светото Тројство), ја прифаќа “mariee” или “Marie”; на долната половина паралелопипедот во перспектива (во средината се наоѓа Марија која се вознесува), потсетува на празен саркофаг од сцената „Вознесението на Марија“, околу кој се собираат сите присутни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најголемата секција од Одделот за документација, далеку поголема од оваа во која работеше Винсгон, се состоеше од луѓе чија задача беше само да ги пронаоѓаат и да ги собираат сите примероци книги, весници и други документи што беа исправени и што требаше да бидат уништени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во овие кафеани дните ги минувал и Тин Ујевиќ. Во нив, меѓу двете светски војни, се собирале сите револуционери и модернисти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мајка успеваше среде книгите да ја оживува татковата присутност, да нѐ собира сите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дојдете сите околу масава. (Се собираат сите околу масата.) Свети Илија, ти се молиме закрилувај нѐ, помагај ни, води нѐ со својата сила.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Има и Вевчанска река. Таа ги собира сите нечистотии фрлени во неа од селата Враништа, Велешта, Дабовјани, секако и од Вевчани - и сето тоа го носи право во Дрим.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)