собира (гл.) - полжав (имн.)

Не пукнала уште како што треба пролетта, а јас шетам бос: коњот под мене и ете ме в ливада: сите грмушки и ѕитчиња ги прескокнувам собирајќи полжави.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Човек, во делничните денови, уште од раното може да види орачи во полето, деца кои напасуваат јагниња во никајците и овчари кои по ридиштата напасуваат стада, а во неделите и женската челад која по ендеците и меѓите собира полжави и коприви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)