собира (гл.) - рака (имн.)

Мајка истрпнува, ги собира рацете и се прекрстува над татка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ами немале ангел да ги чува, велам, и си ги собирам рацете од рамената негови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето си ги собираат рацете. Жените си ги собираат и шамиите и скутините, изгазени на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ќе те удира, а ти ќе се превиткуваш, ќе потсинуваш, ќе се собираш копец во вратот и во срцето, ќе ја собираш устата, ќе ја собираш раката и, примижувајќи пак ќе ја подаваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Огнот само си се наближува, се шири, а јас не ги собирам рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И си ја собира раката со книжето. Го одвиткува. Ама не може да го отвори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)