собира (гл.) - трошка (имн.)

И после копаше, плевеше, косеше и правеше капици сено, уживаше леб и кромид и по секое јадење ги собираше трошките од скутот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ги собираше трошките од чаршафот, трчаше по него забележувајќи му ако случајно некоја паднала на подот или пак, недајбоже, катастрофален инцидент, ако го извалкал чаршафот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Најподли се тие, кои малку лизнале од ука и од богатите маси собираат трошки...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѓорѓија се збуни и ја праша, - а топло чоколадо?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пред лебот се крстат, велам, а по јадење ги собираат трошките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)