собира (гл.) - пред (предл.)

Од новата фонтана пред градскиот парк бликна млаз свежа боза. Луѓе како луѓе, се собираа пред чудото. Некои дури и се напија од бозата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И наутро, и напладне и навечер се собираа пред селската продавница среде селото и чмаеа и чавееја, никој ништо не велејќи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој ме погледна изненадено и рече: „Ајде, тргнувај, пијан човеку. Сите почнаа да се собираат пред автобусите“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А нашата кралица, што на работа ни правеше „штимунг“ (ете, пак германски збор), играше со другарките и марамчињата порабени со парички, весела и насмеана и преубава; нема веќе да нѐ собира пред дуќан, варејќи ни кафе секое утро.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Жените тогаш се собирале пред куќата на мајка му, влегувале внатре и молчејќи ја жалеле; тоа станувало оние денови, кога ќе се расчуело дека го носат врзан. Било заради кражба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
АРМАСНИЦИ
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)