советува (гл.) - со (предл.)

- Треба да се советуваш со лекар - специјалист. - Веќе бев, - му одговори Марша раздразнето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Го заскокотка доаѓањето на професорите... Ќе оди да се советува со дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Долго време се мислеше кадијата и се советуваше со своите мезличари со каква казна да ги накаже осудените бунтовници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За секое нешто ќе се советувате со поп Јанчета.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Немаше потфат што сакаше Сулејман да го преземе, а да не му го изложи на Мехмед и да се советува со него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)