согласи (гл.) - дека (сврз.)

Поправо, сите се согласија дека Драганка ископаната земја и бозјето врз неа толку вешто пак ги вратила наместо, што не оставила никаква трага.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Интелектуалците денес се, навистина, високостилизирани спикери со „обредни знаци на потчинетост“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Енценсбергер се согласи дека класичната позиција на ангажираниот интелектуалец е речиси неодржлива.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Укинувањето на строгата разлика помеѓу текстуалните родови се обидуваме да ја формулираме на една речиси невидлива, философско-литерарна граница, на едно место кое би можело да биде подрачје на најплодни сретнувања, меѓупросторот на стилизацијата на новиот, хибриден дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Енценсбергер молчаливо се согласи дека треба да проговориме од ова гранично подрачје кое ни ја овозможува приликата да учествуваме во возбудливата размена на философскиот и литерарниот темперамент.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но сите когнитивни научници би се согласиле дека, еден „добар“ модел на умот би требало да биде отворен за нови искуства.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Гронинг: Дру Фридмен е задоволство со чувство на вина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој би се согласил дека не мора да се согласиш со нешто за тоа да биде интересно. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Веќе се согласивме дека не се согласуваме. Идеите не нѐ прават идеални, ниту верувањата верници.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Потоа. Едо се согласи дека згрешил, но без чувство на каење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа се согласила дека е така и признала дека згрешила.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мајката Роса, сега, поослободена, се расприкажа. Таа, а и Деспина, и уште другите трички, се согласиле дека не може да има армасување без тетка Пелагија, а инаку, армасот ќе се случи во најтесниот круг, само со уште двете сестри на Роса и нивните деца.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се согласивме дека има многу убава сестричка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)