согласува (гл.) - дека (сврз.)

Многу од големите творци на уметноста не се согласуваат дека нивните дела се плод на случајноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во секој случај сите се согласуваат дека има повеќе од стотина илјади коли, зашто поинаку не ќе може да се објасни она силно движење по неговите улици и уште повеќе што сиот град е претворен во еден огромен паркинг-плац.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Значајни албански филолози се согласуваат дека Фаик Коница од остатоците на овој древен јазик создаде моќен јазик кој можел да ги изрази сите мисли.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уринирањето во ветер им го оставам на тие што имаат време.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се согласувам дека мора да постои една „критична маса“ на луѓе кои ќе постават ниво. Систем на вредности.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(5) Прагматистите и деконструкционистите се согласуваат дека сѐ е општествена градба и дека е безуспешен обидот да се прави разлика помеѓу „природното“ и „само“ културното.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тие се согласуваат дека прашањето е кои општествени градби да се исфрлат а кои да се зачуваат и дека е без успех повикувањето на “вистинската состојба на нештата” во текот на борбите околу тоа кој да конструира и што.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога за ова прашање дискутираше со своите пријатели од младоста, во еден друг систем на верувања, дискусиите беа жешки, но се чинеше како сите да се согласуваат дека секој е кројач на својата судбина и искрено веруваа дека нивните животи ќе бидат токму онакви какви што тие ќе ги направат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И во основа „сите тие ги оспоруваат правата на Македонците да формираат автономна држава во рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според нив, „сите ‘федералисти’ во владата и ‘армијата’ на Михаиловиќ се согласуваат дека Југославија треба да ја задржи династијата Караѓорѓевиќ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но дали барем се согласува дека во светот постои проблемот на наркоманијата?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Што се однесува до Џоен, се согласуваат дека таа е заглавена во околината на второто П, со повре­мени враќања во Бес, или дури и Порекнување, и скокови во Депресија, но без ниту една единствена трошка Прифаќање на претстоечката смрт на својот партнер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дури и 14 Margina #21 [1995] | okno.mk противниците на Хичкок се согласуваат дека треба да му се додели титула за најдобар техничар на светот, но дали тие сфаќаат дека изборот на сценаријата, нивната изработка и сета нивна содржина се тесно поврзани со оваа техника и дека зависат од неа?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)