согледа (гл.) - дека (сврз.)

Уште повеќе, што тие согледале дека со нив треба да се разговара како со рамноправен партнер, пред сѐ, со движењата кои биле предводени од комунистите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
VI И конечно во еден период Татко согледа дека треба да го напушти својот проект да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, зашто речиси се изгуби во поглавјето за лавиринтот на балканското јаничарство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога во еден период Татко конечно согледа дека ќе мора да ја одложи за други времиња работата врз својот проект на животот, пишувањето на книгата Историјата на Балканот Балканот низ падовите на империите, реши да изврши нова значајна реформа во својата библиотека, да го промени распоредот на читањето на книгите, во потрага по нови идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ние самите можеби наскоро ќе согледаме дека овие вредности се илузија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, добро е во сето ова што, сепак, Томо согледа дека надворешната и внатрешната убавина не секогаш одат заедно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На работ да стане гротескна е и Дифреновата желба “во бранувањето на океанот од челик и камен” да се препознае творечката моќ заради која во “природата што човекот ја создал и ја наполнил со машини”, треба да се согледа дека “за граѓанинот на еден нов свет сѐ уште може да зрачи божествениот оган на убавината”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но тогаш согледав дека можам да уживам во љубовта и во радостите на стварниот свет и почнав да ја мразам болницата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не можеа да согледаат дека јас копнеам по нови родители и нов живот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тогаш согледа дека и нејзиниот копнеж е само научен копнеж на жена што се подготвува за брак, не и вистински одраз на нејзините уплашени чувства.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со ваквите измени (дали поради незнаење или пак интенционално) се врши тенденциозно израмнување на значењето на институтите „деловна тајна“ и „деловен интерес“ за кои не е потребно да имате правна наобразба за да согледате дека не се работи за синоними во праксата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Денес, меѓу­тоа, во планетарни размери може да се согледа дека богатите се ослободуваат од сиромашните.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На состаноците одржани во Кукуш согледале дека пропаѓањето на Дојранското Езеро претставува болка за двете соседни земји и затоа треба заеднички да се стапи во акција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нашите научници и прославени стручњаци, со помош на експертите од братските социјалистички земји, согледаа дека во овие води се кријат милијарди киловат-часови електрична енергија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од неодамна, акцентот е ставен на границите како економски разделници, кои означуваат (и одржуваат) глобална економска нееднаквост: „Онаму каде што приходот, вработувањето и животниот век многу се разликуваат, границата може да направи разлика меѓу сиромаштијата и материјалната благосостојба, а повремено и меѓу животот и смртта“.18 Прашањето за границите е неодвоиво од односите на моќ меѓу нациите.19 Само еден поглед на граничната иконографија, со нејзините надзорни кули, бодликавата жица, бетонските бункери (или ѕидот во Израел), е доволен за да се согледа дека граничните области се места и симболи на моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сакав да биде што е можно потранспарентна, надевајќи се дека гледачот ќе согледа дека структурата во која се сместени сториите е мошне реална и организирана.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сади Карно и неговите следбеници, во деветнаесеттиот век, согледале дека не е практично, иако не и невозможно, да се опише секое заемодејство бидејќи повеќето физички системи содржат зилиони делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа е прекрасна огледалска алатка која ви овозможува да согледате дека вашето логично резонирање никогаш не е сосема точно. Тематот го подготви и текстовите ги преведе: В. Симовска 56 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во текот на изминатите сто години Анри Поенкаре и неговите интелектуални ученици согледале дека доколку еден систем се состои од само неколку дела кои меѓу себе силно заемодејствуваат тој систем може да пројави непредвидливо поведение. Со тоа тие ја откриле теоријата за хаосот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ГАЛИЛЕО ГАЛИЛЕЈ ПРЕД ИНКВИЗИЦИСКИОТ СУД
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Конверзијата во себе е за нив конверзија на другиот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 85
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Другите, што ќе согледаат дека тоа “човечки” не е можно, имаат добра причина своето враќање кон корените да не го разберат како враќање кон изворното единство, туку како откривање на другиот во себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)