согледува (гл.) - дека (сврз.)

Татко, во текот на мисијата, согледуваше дека заклучоците од судбината на турцизмите, односно османизмите ќе му послужат да ја продолжи работата врз својот ракопис Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И новите пет избрани турцизми беа во функција на неговиот поширок проект, како продолжение на претходните.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Една османскотурска заемка ќе ги води по два или три пата на разбирањето, но без некогаш да се стигне до вистинската смисла, како да водеше до некоја ирационална цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку што повеќе навлегуваа во јазичниот балкански лавиринт на турцизмите, Татко и Камилски јасно согледуваа дека никогаш нема да го најдат излезот, ќе ги замајуваат постојаните крстопати на јазичниот лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во 1939 година е избран да го наследи Мур како професор по философија, но поголемиот дел од војната го поминува како воен болничар во лондонската болница, а потоа во истражувачката лабораторија во Њукасл.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По војната, повторно ги прифаќа обврските во Кембриџ, но согледува дека местото професор не му одговара, па дава отказ во 1947 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од друга страна, татко му, не согледувајќи дека тие грешки се всушност негови (во секоја смисла), имаше крајно ригиден однос кон синот, сметајќи го за антихрист, иако самиот беше атеист.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во таквите дејности спаѓаат историското конзерваторство, старинарството, реставрацијата на архитектурата, внатрешното уредување, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што го дефинира машкиот геј-субјективитет е неговото обратување на сексуалните улоги, неговото меѓуобродување, неговата превртена, трансродова психологија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На друго место Зонтаг се обидува да ја застапува каузата на стилот, тврдејќи дека покудата на стилот како чисто „декоративен“ е, на крајот на краиштата, политичка: „служи за остварување на одредени интелектуални цели и лични интереси“.209А во „Белешки за кампот“, Зонтаг согледува дека „целата поента на Кампот е да го растоличи сериозното“.210 Но, сето ова го прави уште побизарно нејзиното тврдење дека кампот е деполитизиран или барем аполитичен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај своите машки тела, геј-мажите ги имаат душите, природата, вкусовите, ставовите, чувствата и субјективноста на жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И точка. ‌Дека геј-мажите имаат „својства и одлики што општо земено ги поседуваат девојките и жените“ е и заклучокот што го изведува Вил Фелоус од сопствената студија на културните практики на геј-мажите.331 Конкретно, согледува дека „геј-мажите се видливо и мошне надарено застапени“, дури и „изгледа несразмерно застапени“ во многу „полиња во кои преовладуваат жените, а кои имаат врска со создавањето, обновувањето и одржувањето на убавината, редот и континуитетот“ (x) – поконкретно, во оние дејности чија цел е да се конзервираат материјалните култури од минатото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Непреченоста согледува дека во сета вселена секоја работа, секое човечко суштество е во средиштето, и дека токму поради тоа тој е најпочитуван од сите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој исто така согледува дека речениците што ги внел стануваат дел од базата на податоци.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)