содржи (гл.) - клуч (имн.)

Ништо друго не ми е поважно зашто во зборот воомјазија е содржан клучот на мојот проблем.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Да, тоа беше тој збор што требаше да го запаметам, што беше важен, збор што го содржи клучот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во новонастанатата ситуација, основна музичка категорија станува времето, односно траењето и тоа во моментот кога Кејџ, на трагата на Сати и Веберн, во тишината, порано разбирана како целосен музички негативум, открива нова, недвосмислено позитивна димензија на звучност; неговото често наведувано доживување во глувата соба на Харвардскиот универзитет(каде, и покрај апсолутната технолошка тишина, се слушаат два звука, еден висок и еден длабок: работата на нервниот систем и циркулацијата на крвта) го содржи клучот за разбирање на неговиот новововеден концепт во музиката.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)