содржи (гл.) - повеќе (прил.)

Црн Камен е мал, мазен, заокрулен, црн рид, (веројатно таков, црн, е поради составот на каменот, гранит чиј состав содржи повеќе железо) кој уште од сртот на источниот лак се слизнува во Драмчески Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше на извесен начин притаено задоволна, смирена, што најпосле ќе може некому од своите чеда да му ја препушти грижата за библиотеката во домот, каде што веруваше дека во книгите беше задржана татковата душа со која често можеше гласно и да зборува читајќи ги страниците врз кои беше посипана пепелта од цигарите при некогашните таткови занесни читања кога беше најжив, сеприсутен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од трите страни, од горната, источната, од јужната, од кај Молитвена Вода, и од северната, од кај Станкоски Рид, заграден е со шума, а само од долната, од западната, од кај Драмчески Ливади, сосема е отворен и пристапен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Царуваше во библиотеката тишината од татковите книги, тишина која содржеше повеќе вистини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така, блокот не може да содржи повеќе од три спота (до две минути).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спотовите се емитуваат во блокови што соодветствуваат на рецептивната способност на слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Менаџментот на најуспешните радио станици се заснова на вештото одбирање на темите и личностите што се појавуваат во програмата - често не е лесно да се одлучи меѓу добриот плаќач од тутунската индустрија и сиромавиот од здружението за заштита на животната околина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)