создава (гл.) - во (предл.)

Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Иако маргиналец во однос на филмската индустрија, тој успева, со поголеми или помали паузи, да создава во континуитет, како поет кој што сонува со будното око на камерата, правејќи ги филмовите како психограм на поетовата и режисерската душа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Обајцата имаа полни раце работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа свое уверување тој е искрен до наивност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вивнаа пламенчиња под жарот од сланината што почна да се топи, се рашири пријатна миризба, создавајќи во изѕемнатата душа на детето нишка од убаво настроение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Социјалистичкиот државен кич е создаван во мир, во земја пред која беше иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во литературната историја се познати многу писатели кои своите најдобри дела ги создаваат во состојби на изменета свест, кога се губи јасната граница меѓу здравјето и болеста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Андреј Бели, боите и малку теософија (II) “Сивата боја се создава во односот меѓу црната и белата и дотолку повеќе можната за нас определба на злото се состои во релативната средина и okno.mk | Margina #8-9 [1994] 107 двосмисленост (подвлеков јас).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мојата генерација живееше и се создаваше во постсталинистичкото време, кога беа отстранети границите на изолацијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега ми се раѓаат само ќерки", ми одговори Ѓурчин а потоа и двајцата се смеевме на оваа невистина која и не сфатив зошто му се лизна од јазикот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа изгледа заборавила дека синовите се создаваат во помлади години, а јас баеги одамна го загубив тој рок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ уште се сеќавам дека му реков на Ѓурчина:"Нема да бев среќен ако морав да го сметам за брат некое копиле на таа Огнена Гулева", и тој наеднаш почна вистински да се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше навистина необичен и пред се весел тој наш разговор, и мислам дека од него не се изроди никакво недоразбирање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Геј-гетата, со други зборови, побудија нови облици на живеење. ‌Луѓето што ги воспоставија тие гета не беа, главно, народ од средната класа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Енклавите Кастро, Фолсом и Полк Стрит во Сан Франциско не беа населени со типови што чекале да се отвори работно место во некоја центарска адвокатска канцеларија или на Универзитетот на Калифорнија во Беркли (иако имаше таму и многу правници и професори).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со месеци или со години штеделе пари и најпосле се доселиле во големиот град, каде што разумните станарини во геј-маалата што се создаваа во некогашните етнички, работнички или постиндустриски делови им овозможуваа на луѓето како нив да се издржуваат работејќи како келнери или како медицински сестри, а, сепак, да живеат во урбан геј-центар – макар што можеби мораа да го делат станот со неколку цимери за да ја делат киријата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Новите урбани мигранти беа, главно, луѓе со скромно потекло кои, во времето на релативниот просперитет што ги обележа крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години, можеа во Калифорнија да ги најдат истите неквалификувани работни места што ги имале во Ајова или во Алабама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И многумина правеа така: тоа беше геј-соодветник на Исходот. ‌А ако ти се присакало секс, во тоа време, мораше да излезеш од дома.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Беспрекорноста на природата, сета нејзина дарба да создава во разни форми и бои, ни го покажува тоа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нашиот народ - сеќавајки се на оние денои кога голорак стана против мошна и организирана армија и успеа да излезе победник од таа борба, - црпи сили за великите дела што пак, со своите сопствени раце, ги создава во слободната и среќна Татковина.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Дарвиш во мигот ништо не одговори. Отсутно гледаше во светилките кои се палеа на другиот брег, отаде блиската граница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неочекувано, задоцнето одговори: - Хероите кои се создаваат во нерамен бој, треба да ја сочуваат храброста за да живеат во лесно непомирливата народна имагинација!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Феникс се раѓа само еднаш, во случајот на Арафат тоа ќе биде повеќепати...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXIX Историските личности се создаваат во долг временски процес, во пресрет и вкрстување на бројни околности и противречности, така што нивната блескотна појава во клучни моменти во историјата останува целосна енигма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко ни велеше дека уште од најраните години на животот треба да ја учиме уметноста на читањето, таа најсилно се создава во детството за да посилно ни се поврати во залезните години на животот. Така никогаш нема да останеме сами во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXI Најмногу автодидакти се создаваат во доменот на јазикот, лингвистиката. Секој човек говори и затоа смета дека е господар на својот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште еднаш ме измами некоја сила од некој кој ние не му го знаеме местото и големината или некоја сила што и без наша волја се создава во нас и не фрла од кошмар во кошмар .
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најлошо од сѐ беше тоа што преку такви организации какви што се Шпионите тие беа систематски претворани во несовладливи мали дивјаци, а тоа сепак не создаваше во нив никаков порив за да ѝ се противстават на дисциплината на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исто така чувствувам дека нешто се создава во пресечната точка помеѓу „музика“, „игра“, и „демонстрација“; замислувам музичко искуство еднакво на гледањето на компјутерската игра Живот на Џон Конвеј, на пример, во која си веднаш восхитен од начините и знаењето како тие се направени, и метафоричните резонанси на таквиот систем.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не сум заробеник на спомените, сето она што го перцепира моето око и ги впива во себе прозаичните секојдневни доживувања и илуминации, создава во мене катарзичен порив, ундулација на чувствата, а филтерот се фабулозни увертири на секојдневните драми.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само неколку часови номадска мисловна осаменост и моите еруптивни мисли и незауздани чувства ќе си го најдат патот, целосна метармофоза на осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А другарствата што се создаваат во детството остануваат трајни, вечни.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)