создаде (гл.) - господ (имн.)

Природните ги создал господ закони за довек, за мене не ги мени он!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тоа беше добро име. Едноставно. Така се викал и првиот маж што го создал Господ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Отидоа. И го создаде господ човекот по своја лика-прилика, навистина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак уште тројца не го продолжија патот: рамностапалчестиот Марко Марикин, песнопоецот Блаже Задгорец и Гидеон Кузмановски, првите двајца со по еден вол, вториот со ѕевгар: не можеа да ѝ го земат од јамка на смртта килавиот Јаков Иконописец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И го создаде господ човекот по своја лика-прилика, го создаде улав и килав, и ние, дружината со двоколки, го зграпчивме и го обесивме, повисок да е и со теме поблизок до небото, сепак, жеден и гладен, со подаден јазик кон земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа рече господ: да создадеме човек по своја лика-прилика како што сме ние и кој ќе биде господар на риби морски и птици небески и на животни од сета земја и на ѕверови што се движат по земјата ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)