создаде (гл.) - дистанца (имн.)

„Доктор Гете вели дека, ако лудилото го нарекува психоза, ако нас лудите нѐ нарекува пациенти, ако лудницава ја нарекува психијатриска клиника, ако нашите лудости и глупости ги нарекува симптоми, тогаш ќе се создаде дистанца меѓу него и нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знам зошто му е нему потребно да нема дистанца, ама нам ни е пријатно – кога некој од нас му е лут може и да му се развика, да го навредува, а доктор Гете не нѐ казнува за тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)