создаде (гл.) - претстава (имн.)

Како што во импресионистичкото сликарство расфрланите бои не значат веднаш слика, која може да се согледа дури од растојание, така описот на едно далечно случување чијшто сведок бев, бара дистанца од којашто само на некои други може да им се создаде претстава за тој пруски град чиишто жители очигледно и самите беа изненадени со тоа што буквално преку ноќ станаа велеграѓани. Ludwig Meidner, 1918
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Затоа, може да се создаде претстава за целта на потиснувањето – и да се сфати од што точно тоа треба толку активно и нервозно да штити.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Денко зборуваше мирно, обично, како да раскажува нешто сосем неважно, а за Бојана секој податок што онака, површно ќе го изнесеше Денко, беше необично интересен: ... „има над триесет училишта... живее на другиот крај од градот...“ повторуваше Бојан во себе и се обидуваше да си создаде претстава за тој огромен град, сиот исполнет со училишта и ученици, со татковци, мајки, доктори, инженери, лекари...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)