создаде (гл.) - нивен (прид.)

Свети Константин наречен Кирил, сам и словенските книги и букви ги преведе за малку години, а оние мнозина и за многу години: седум души ги создадоа нивните букви, а седумдесет души преводот.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Тоа беше критичното време за Палестинците кога во Јордан ќе ја создадат нивната државичка во држава, а по терористичките напади на водачите на радикалните крила на Арафатовиот Фатах, Жорж Хабаш и Најеф Хаватмех, кралот Хусеин ќе смета дека чашата била прелеана и ќе нареди Палестинците да го предадат оружјето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Амбасадорот Петер Себастијан набргу ќе биде заменет од амбасадорот Роберт Пелетро, и тој длабоко проникнат во сите енигми и тајни на палестинското прашање уште во далечната 1970 година кога во Аман ги имаше првите разговори со преставниците на Палестинската ослободителна организација за време познатиот црн септември.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)