создаде (гл.) - нов (прид.)

За да се создаде новиот култ, некој мора да се жртвува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
-(5) Индустријализираното производство создаде нови начини на рецепција, кои и понатаму ги менуваа начините на делување и патиштата на уметноста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мирот во Версај од 1919 оставил многу нерешени прашања и создал нови причини за конфликти.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Особено до влошување на ситуацијата дошло по доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во Германија и зацврстувањето на националсоцијализмот и неговата агресивна политика.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Што се однесува до обидот на Кулик да создаде нова „соединета култура на ноосферата“ која ќе биде втемелена на сетилото за мирис, можеме само да кажеме дека културата како таква - наспроти природата - е воспоставена дури со моментот кога човечките суштества престануваат да се потпираат на чувството за мирис.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По оваа реорганизација, ГШ донел наредба единиците на НОВ и ПО на Македонија да преминат во противофанзива на теренот на Источна Македонија со цел да се прошират борбените дејствија, да се создаде нова слободна територија и да се изврши нова мобилизација на борци.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Затоа тој создаде нов тип на математика, топологијата, која е некаков тип геометрија што се бави со постојаностите и врските меѓу променливите величини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Директорот на Архивот Мирон Донски ја доби историската задача, директно од Водачот, да ја создаде новата архивска институција, како еден од столбовите на нацијата, најмногу поттикнат од откритието и од значењето на битолските кадиски сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се обидуваше да им создаде нов поредок на своите книги, според стратегијата на останувањето, наложена од неговата најнова функција, како социјалистички судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Затоа во Америка и се роди популарната уметност, уметност што алхемиски требаше лажното злато да го претвори во вистински пари, уметност создадена за да создаде нова модерна митологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Предметите направени за масите, со врвен квалитет и во ограничен број, постепено се здобиваа со митски ореол и стануваа етикети на поп- митологијата. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 107
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Митот за Америка всушност е мит за таа специфична повисока средна класа и за нејзиниот комплекс во однос на европската аристократска елита.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова не е за да се минимизира индо-муслиманската ситуација, туку за да се каже дека индиското дисјунктивно колонијално и постколонијално искуство создаде нови форми на живот кои се функционални, без санирање на културните разлики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го зел вообичаениот предмет и го поставил на тој начин што неговото употребено значење се губи под новиот наслов и новиот агол на набљудување - за тој објект создал нова идеја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа дали господин Mutt (псевдонимот на Дишан за таа прилика) ја направил „Фонтаната“ со сопствени раце или не, не е важно. Тој ја ИЗБРАЛ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прашањето за феминистичкиот субјект е како да се интервенира врз поимот Жена во овој историски контекст, за да се создадат нови услови за настанувачкиот субјект на жените овде и сега.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Веднаш покажаа желба да влезат во поблизок контакт со бугарското општество и влада и да создадат нови односи на линијата МРО - Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Историјата на белиот, лажлив, менопаузен маж што сега ја води планетава, е историја на повторувано насилство врз хармоничните закони на природата, кои имаат за цел воспоставување на тиранија на материјалистите возрасни над нежните, мирољубивите, младите, обоените.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Големо е страдањето на слободољубивите луѓе на оваа планета, и огромна е сега потребата што нѐ гони да создадеме нови системи на владеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но со нив си создадов нов проблем, нова беља: што со ишињата? Како да се ослободам од нив, што да правам?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во 1885 год. таа насилно беше присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја нападна младата бугарска држава, но ја загуби војната, со што се создадоа нови околности за развитокот на националистичките пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу другото, со помош на бакрорезот и тнр. „орнаментална гравура“; онаа гравура од 16 и 17-иот век за нас е двојно интересна: во неа орнаменталната гротеска што ја сретнувавме во гнилите форми на Ангелската тврдина, се продолжува на еден екстремен, речиси откачен начин, а тие концепти за орнаменти и книгите за нив поттикнаа и многумина современи уметници да создадат нови „ирегуларни“ форми. okno.mk 227
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но како тогаш било можно релативно брзото ширење на заедничкиот европски стил?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не успевам Се обидувам да создадам нови спомени, да зачекорам по некоја нова улица, да допрам нечии други раце, да бакнувам други усни, да вдишам нечиј друг воздух... но не успевам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Со еден радикално конструктивистички гест Ататурк го укина старото писмо, коешто се пишуваше со арапски букви и беше мешавина од персиски, турски и арапски, и создаде нов службен јазик од народниот турски.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Размислував за причините, за крајот на земјата која ја претставував, во која ретко кој не веруваше, макар и нејзините жртви?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Западниот човек со векови ќе го оправдува своето постоење на земјата во рамките на Историјата и историското време, создавајќи го своето општеството и силните личности.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во една од верзиите на ова верување, човекот ќе се потпре на дијалектиката, претпоставена како објективна, која според Маркс треба да го, создаде новиот човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби причината беше немоќта да се создаде новиот идентитет на југословенската федерација на народи и народности врз хармонија на разликите, низ граѓанскиот демократски модел кој фаќаше корен во земјите во кои се урнуваше еднопартискиот систем, а не врз хиерархиска предодреденост на народите, врз потрага на конфедерален излез и други амортизери на монистичката исклучивост, која подоцна ќе мине и во националистичка еуфорија за владеење над своите и другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настапија неверојатни промени на Балканот и во Европа, во кои и во најбизарните соништа не би можеле да поверуваат Татко и Камилски додека беа живи: се урна Берлинскиот ѕид, најголемата европска граница по Втората светска војна, се распадна СССР и се растури Варшавскиот пакт, подоцна низ невидени братоубиствени војни се распадна и СФР Југославија, се создадоа нови независни држави, проследени со невидени етнички чистења, прогонства, логори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Идејата на творците на јаничарите беше, всушност, да создаде нова армија (yeniçeri), составена само од странски војници продолжи Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во еден од заклучоците на Татко и Камилски беше забележано дека во историјата на народите, на балканските посебно, според кои и настана поимот на балканизацијата, по етничките чистења на народите, обично следеле и чистења на јазиците од туѓите заемки, а понекогаш редоследот бил и обратен...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ја менуваше да би создал нова!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Вистина е дека во Времето на козите, на еден посебен начин, се раскажува за уништувањето на козите во Југославија кон крајот на 40-тите и 50-тите години, за мачните егзодуси на илјадници селани кон кревките градови, за да го создадат новиот човек.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Салвемини, во однос на ова, сметал дека "мора да се создаде нова атмосфера", без која ништо не би можело да се реши.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Доколку би се создала таква атмосфера, сметал дека "правдата би морала да превладее наскоро", но ако отсуствувала правдата, тогаш и атмосферата ќе изчезнела.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)