сознава (гл.) - дека (сврз.)

Гола кожа, соголено предавство, искри, сеќавање: можеби првото предавство, со првата Марија така почнало, со гол допир и искри; почнуваше да сознава дека во него ќе течат, ќе палат ќе остават белези две Марии. Две во еден живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако паднев, јас ќе видев; но јас не паѓав, се служев со животинскиот рефлекс за самоодржување, и затоа не сознавав дека жената ми е во прегратките на некој друг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На четириесет години, свиен над овие молчаливи фигури во еден провинциски град, тој сознава дека вистинската сила на неговата фантазија била во создавањето убави мечти за животот што го чека, а не во творечко разрешување на проблемите што ги поставува безгласната плоча со шеесет и четири полиња.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но исто така Македонците сознаваат дека Србија е држава што располага со војска, дипломатија, еден народ и една интелигенција што ќе ги бранат српските интереси во Македонија со примерна преданост и краен фанатизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)