сокрие (гл.) - зависност (имн.)

Нема сомневање, создавачот на глаголицата спроведува намерна графичка модификација и стилизација на графемите на писмото- прототип, можеби со цел да се сокрие зависноста на новосоздаденото писмо и да се создаде впечаток на потполна независност и оригиналност на новото словенско писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Цртежот на одделни знаци на глаголицата е толку своевиден, што низа истражувачи го сметаат за плод на оригинално творештво на Кирил.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)